ФИФПро бара поголема пауза за фудбалерите

Синдикатот на професионални фудбалери ФИФПро бара фудбалерите да добијат поголема пауза бидејќи густиот распоред по прекинот поради пандемијата од коронавирусот ќе трае до 2022 година.

„Скокот во бројот на повреди поради недоволно време за подготовки и пренапорниот распоред е уште на самиот старт видлив“, стои во соопштението на ФИФПро. 

Тие додаваат дека влијанието на коронавирусот ќе значи уште поинтензивен распоред на натпреварите во следните две години. Синдикатот бараше период од најмалку три седмици одмор пред почетокот на подготовките за новата сезона и уште една пауза во текот на сезоната која ќе треба да трае од 10 до 14 дена.

Се вчитува...