Фиго: Раул Гонзалес е најдобриот со кој сум играл

„Раул Гонзалес е најкомплетниот играч кој постигнуваше голови и секогаш правеше разлика. Сум играл со многу легенди на фудбалот како Роналдо Назарио, Зинедин Зидан, Гвардиола, Ривалдо, но според мене победникот во изборот за најдобар е Раул Гонзалес“ – ваков е ставот на Луис Фиго. Португлаецот ова го објасни во разговорот во живо на Инстаграм со Фабио Канаваро.

„Раул беше победник, поради неговиот менталитет и освои толку трофеи во кариерата. Секогаш  знаеше што треба да се направи и каде треба да се движи по теренот. Тој имаше од се по малку и навистина правеше разлика на секој од натпреварите“ – вели Фиго.

Португалската фудбалска легенда во разговорот со Канваро објаснува уште и за трансферот од Барселона во Реал Мадрид како и за плановите во кариерата како фудбалски функционер. Иако Канаваро вели дека го гледа како следниот претседател на УЕФА, Фиго тврди дека засега е задоволен со позицијата амбасадор на ЕУРО 2021 и оти и натаму учи многу, но не отфрла можност за реализирање поголеми амбиции.

 

 

 

 

Се вчитува...