Фијаско на Реал: „Кралевите“ останаа без шпанската круна

Завршницата од шпанската кошаркарска лига ќе биде без Реал Мадрид, откако „кралевите“ одиграа катастрофално на турнирот во Валенсија, губејќи ги шансите за место во полуфиналето пред воопшто да го одиграат својот последен меч против Сарагоса.

Како кобни се покажаа поразите од Бургос и од Андора, по кои на „кралскиот клуб“ му беше неопходно чудо за да се најде во полуфиналето, Валенсија да го загуби својот денешен меч со Гран Канарија. Тоа не се случи, домаќинот на овој завршен турнир рутински триумфираше со 97-81 и со самото тоа го исфрли Реал од борбата за трофејот.

Валенсија заврши како првопласирана во групата и во полуфиналето ќе се сретне со Басконија, додека во втората полуфинална пресметка Барселона ќе биде голем фаворит против тимот на Бургос.

Останува да се види дали ова фијаско ќе придонесе да се „затресе“ клупата на Пабло Ласо или Флорентино Перез повторно ќе му укаже доверба на трофејниот стратег да го води тимот на „кралевите“ и во наредната сезона.

Се вчитува...