Фијаското на Гвардиола – потроши 450 милиони на дефанзивци, а одбраната на Сити е „тапа“

Пеп Гвардиола ја финишираше потрагата по нов дефанзивец договарајќи го Рубен Дијаз од Бенфика за сума од 52 милиони фунти, неполни 24 часа по фијаското на Манчестер Сити и петте примени гола на домашниот дуел со Лестер. „Граѓаните“ одиграа катастрофален меч во дефанзива, но јавноста се сомнева дека Дијаз би можел да биде решението за проблемите на Пеп, потсетувајќи на огромното трошење за засилување на овој дел од тимот, што се уште не функционира како што треба.

Поточно, вкупната инвестиција на Пеп Гвардиола во одбранбената линија, заедно со голманските позиции (Едерсон – 36 милиони фунти и Браво – 16 милиони фунти) изнесува неверојатни 450 милиони фунти.

Најскап од сите е Лапорт со 59 милиони фунти вреден трансфер, веднаш зад него е Кансело, па големото промашување Џон Стоунс, за чиј ангажман од Евертон беа платени 50 милиони фунти. Пред Рубен Диаз летово беше доведен и Аке од Борнмут за 41 милиони фунти, а на листата со засилувања на Гвардиола во изминатите преодни рокови се уште и Вокер, Данило, Менди и Анџелино…

Каталонскиот стручњак засега ја има целосната поддршка на управата, но јасно е дека со секое фијаско слично на она во Лестер го урива митот за перфектниот фудбал на трофејниот стратег.

Се вчитува...