Фил Џексон откри која е разликата меѓу Мајкл Џордан и Коби Брајант

Најголемиот кошаркарски тренер во историјата Фил Џексон, кој во кариерата предводејќи ги Мајкл Џордан и Коби Брајант освои единаесет прстени, ја откри разликата меѓу двајцата.

„Кога е во прашање водење на екипата, тие двајца се многу различни. Џордан некогаш ги тераше соиграчите да бидат подобри, некогаш беше и груб, но и ги навредуваше. Коби беше различен. Никогаш го немаше кренато гласот. Секогаш беше пример за смиреност и посветена работа“, изјави Фил Џексон.

 

 

Се вчитува...