Лидерот на табелата и есенскиот шампион во Втората фудбалска лига на Македонија, Беса Добридол го претстави своето прво засилување во зимскиот преоден рок.
Се работи за одличниот млад напаѓач Филип Алексовски кој во тимот од Добридол доаѓа од редовите на прволигашот Македонија Ѓорче Петров. Алексовски чиј матичен клуб е Македонија ЃП, во кариерата кратко ги бранеше и боите на Кораб од Дебар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА