Филип Антовски се сели во Истра

Левиот бек на македонската младинска репрезентација и воедно капитен на селекцијата Филип Антовски, следната сезона ќе ја мине во тимот на Истра од Пула. Антовски заминува во овој тим како позајмен од Австрија Виена на една сезона.

Македонскиот фудбалер досега настапуваше за вториот тим на Австрија, а имаше најава дека сезонава ќе биде дел од првата екипа. Меѓутоа откако тоа не се случи, се одлучи да замине на позајмица.

21-годишниот Антовски во минатото беше дел од Вардар, потоа замина во Динамо Загреб каде главно играше за вториот тим, па во Славија Софија како позајмен, и потоа враќање во Австрија Виена каде ја мина целата измината сезона. Сега ќе има можност да се докаже во Истра.

Се вчитува...