Филип Деспотовски – нов тренер на Кожуф!

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Деспотовски е нов тренер на гевгелискиот второлигаш Кожуф.

Деспотовски е веќе договорен за нов шеф на стручниот штаб, по претходната разделба со Трајче Сенев, дознава ЕКИПА.

Поранешниот фудбалер на Вардар, кој во кариерата има и 18 настапи за македонската репрезентација, во својата досегашна тренерска кариера работеше во младинските категории на Вардар, а беше дел и од стручниот штаб заедно со Ѓоко Хаџиевски во Најран, Хата, Хаџер и Емирејтс во ОАЕ. Минатата сезона беше и на чело на екипата на Тетекс.

Последните два неочекувани порази на Кожуф против Караорман во Струга и Вардар од Неготино во Гевгелија беа причина тренерот Трајче Сенев да поднесе оставка. На синоќешниот состанок на раководството на клубот беше донесена одлука оставката на Сенев да биде прифатена и Кожуф само по две пролетни кола да именува нов шеф на стручниот штаб.

Се вчитува...