Филип Дурански се враќа во Силекс

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Дурански повторно ќе го носи дресот на кратовски Силекс.

По двете сезони минати во дресот на Работнички, 26-годишниот Дурански во новата сезона ќе го засили средниот ред на Силекс, тимот во кој настапуваше од 2014 до 2016 година.

Претходно во својата кариера Дурански има настапи и за чешките Славија Прага и Млада Болеслав, но и за Хоризонт Турново во Првата македонска фудбалска лига.

Се вчитува...