Филип Глигоров со деби-гол во дресот на Кукс

Македонскиот интернационалец Филип Глигоров кој постигна својот деби погодок во дресот на албанскиот суперлигаш Кукс.

Откако пред само 20 дена го реализираше трансферот во Кукс од редовите на Партизан Тирана, Глигоров го постигна својот прв гол во дресот на новиот клуб.

Кукс славеше убедливо со 4-0 против Кастриоти, а Глигоров во 40. минута беше стрелец на првиот гол за својот тим.

Кукс се бори за шампионската титула сезонава. Со 37 бода е на шест бода од водечката Тирана.

Се вчитува...