Филип Глигоров со потпис за Кукеси

Десниот бек Филип Глигоров ја смени средината во Албанија и потпиша за Кукеси. Тој во овој тим доаѓа од Партизани Тирана за кој настапуваше во последните шест месеци.

Глигоров во минатото беше дел и од Влазнија, а играше во Романија во тимот на Калараси. Во Македонија настапуваше за екипите на Шкупи, Силекс, Еуромилк и Работнички. Исто така беше дел и од Олимпик Сараево во БИХ.

28-годишниот Глигоров освен на десната бековска позиција, може да игра и на левата, и како крилен фудбалер. Тој е поранешен член на младинските селекции на Македонија.

Се вчитува...