Новиот прволигаш Беласица не се шегува. Во последниот ден од летниот преоден рок значително ги засили своите редови. По Штефан Вујчиќ, ново засилување на струмичкиот тим е и искусниот напаѓач Филип Ивановски.
Робусниот голгетер доаѓа од финскиот тим Ропс каде што настапуваше минатата сезона и сигурно ќе биде огромно засилување во нападот на Беласица. Ивановски зад себе има завидна интернационална кариера и осум настапи во дресот на македонската фудбалска репрезентација. Тој на домашната сцена беше дел од Вардар, Работнички и Македонија ЃП, a на печалба беше во Финска, Србија, Казахстан, Полска и на Кипар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА