Филип Коку одушевен од македонскиот суперталент: Елмас игра одлично!

Македонскиот фудбалски мегаталент Елиф Елмас го постигна својот прв погодок во дресот на Фенербахче на пријателскиот натпревар против Феенорд (3-3), а стигнаа и комплиментите за неговата игра од тренерот Филип Коку. Холандскиот стратег кој од оваа сезона седна на клупата на Фенербахче, е одушевен од игрите на Елмас.

„Елмас и Бариш играат одлично и сите останати млади фудбалери треба да се угледаат на нив. Имавме одличен прв дел, дојдовме до водство од 3-0 и можам да кажам дека до 65.минута функциониравме речиси беспрекорно. Но, потоа кај некои фудбалери се појави замор, што е очекувано за овој период од подготовките. Во завршницата дозволивме да примиме лесни голови, но во суштина сум задоволен од прикажаното“, изјави Филип Коку за турските медиуми.

Фенербахче имаше водство од 3-0, но во финишот прими три гола, па Феенорд успеа да израмни на 3-3 на овој пријателски натпревар.

Се вчитува...