Македонската ракометна репрезентација имаше успешен настап на Светското првенство кое официјално заврши вчера со финалниот натпревар помеѓу Данска и Хрватска по кој Данците ја продолжија доминацијата.
Избраниците на Кирил Лазаров за малку не се пласираа во четвртфиналето, завршувајќи го шампионатот на 15. место. Еден од оние кои покажа фантастична игра во македонските редови несомнено беше капитенот Филип Кузмановски кој долго време беше прв стрелец, а шампионатот го завршува на петтото место кога станува збор за оваа категорија.
Кузмановски на шест одиграни натпревари постигна 49 голови со кои е зад Матијас Гидсел (74), Франциско Коста (54), Дика Мем (54) и Симон Питлик (50).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА