Филип Кузмановски и следната сезона останува лидер на Пелистер!

Капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски и следната сезона ќе го носи дресот на Е. Пелистер, објави официјално денеска битолскиот клуб.

И покрај можноста за враќање на интернационалната сцена, и серијата понуди од неколку силни европски екипи, Кузмановски се одлучи да ја продолжи соработката со својот клуб.

„Филип Кузмановски останува лидер на нашиот тим. Заедно во нови победи пред новите предизвици“ – објавија официјално од Е. Пелистер.

Се вчитува...