Филип Кузмановски стартуваше со Магдебург (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски со вообичаените лекарски прегледи и стартните почетни фитнес подготовки во предсезоната веќе стартуваше со новата страница во својата ракометна кариера – Магдебург.

Кузмановски викендов се приклучи на својот нов тим, а по лекарските прегледи, од понеделник стартува и со подготовките со германскиот бундеслигаш за новата сезона.

Магдебург е прв интернационален предизвик за македонскиот репрезентативец откако претходно настапуваше на домашната сцена за Пелистер, Металург и Еурофарм Работник.

Се вчитува...