Филип Кузмановски во Металург до 2019?

Откако го загуби Филип Талески, Металург настојува во своите редови да го задржи барем вториот талент од бековскиот тандем, Филип Кузмановски. Младиот македонски репрезентативец кој има договор со Металург до 2018, потврди дека од клубот добвил „добра понуда“ за продолжување на договорот за уште една сезона.

„Разговаравме за продолжување на соработката до 2019. Добив добри услови од клубот, но се уште не сум потпишал нов договор. Овде имам добри услови да напредувам во кариерата и најверојатно тука ќе продолжам“ – изјави Филип Кузмановски за ЕКИПА.

Македонскиот репрезентативен бек кариерата ја почна во Пелистер, од каде во 2015 година дојде во Металург. Тој е еден од најголемите надежи на македонскиот ракомет и еден од носителите на играта во младинската репрезентација. Во сениорската репрезентација дебитираше лани на ЕП во Полска, а потоа беше во составот и за олимписките квалификации во Гдањск. Поради скршеница на дланката, Филип Кузмановски го пропушти настапот на СП во Франција.

Се вчитува...