Досегашниот капитен на Баерн Минхен, Филип Лам, за своите остварувања во германскиот шампион влезе во „Куќата на славните“ на баварскиот клуб. Оваа почест последен ја имаше Оливер Кан, легендарниот голман, по неговото пензионирање во 2008 година.
Лам на свечена церемонија бeше претставен како нов член на „Куќата на славните“ на Баерн Минхен. Таму се само легенди на клубот, како Франц Бекенбауер, Карл – Хајнц Румениге, Сеп Мајер, Герд Милер, Лотар Матеус и Оливер Кан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА