Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков повторно во дресот на ОК Струмица.
Играч кој потекнува од Струмица, кој ги направи своите први одбојкарски чекори токму во родениот град, по интернационалната кариера, повторно е дел од сино-белото семејство.
„Филип, добредојде назад во твојот клуб, пред твојата публика и во дресот во кој започна твојата одбојкарска приказна! Заедно кон нови победи, нови трофеи и нови европски предизвици!“ – информираа од струмичкиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
