Фудбалерите на Црна Гора ја остварија третата победа во третиот натпревар во Лигата на нации и направија голем исчекор кој освојување кон пласман во повисок ранг.
Црна Гора третиот триумф го оствари во Рига каде со 2:1 ја совлада Летонија.
Црногорците со максимални девет бодови се лидери во групата 2 во рамки на Ц дивизијата, имаат пет бода повеќе од Кипар, додека Ерменија има три бода. Првопласираната селекција ќе обезбеди пласман во Б дивизијата во наредното издание на Лигата на нации.
Црна Гора победата ја најави во третата минута кога долгата акција со гол ја круниса Аџиќ по одличното додавање на Радуновиќ. Голот на Аџиќ може да го видите ТУКА.
Василије Аџиќ го постигна и вториот гол за Црна Гора и тоа во 56-та минута по акцијата која тргна од нивната половина. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.
Во финишот, Летонците успеаја да го ублажат поразот со голот на Стродс во 82-та минута.
Во следниот натпревар, кој е закажан за три дена, Црна Гора пред своите гледачи ќе игра против Ерменија.
Во вториот натпревар, Кипар со головите на Кономис во 19-та и на Какулис во 31-та минута, со 2:0 ја совлада Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
