Филип Миленковски, прво засилување за Силекс ова лето

Македонскиот прволигаш Силекс го доведе првото засилување во овој летен преоден рок. Нов фудбалер на кратовскиот тим е Филип Миленковски. Досегашниот лев бек на Пелистер ја прифати понудата на Силекс и понатаму да биде дел од Првата лига. Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски, во него ќе добие искусен фудбалер на левата бековска позиција, кој може да одговори на задачите и во средниот ред.

Миленковски изминатава сезона беше капитен и еден од најдобрите фудбалери на Пелистер. По испаѓањето од елитата, Миленковски реши да ја прифати понудата на Силекс.

Се вчитува...