Филип Миркуловски е „десна рака“ на Лазаров во репрезентацијата

Долгогодишниот репрезентативец на Македонија, Филип Миркуловски, ќе биде дел од стручниот штаб на националниот тим предводен од новиот тренер-селектор, Кире Лазаров.

Како што најави, Лазаров денеска го објави списокот на соработници по преземањето на кормилото на репрезентацијата, а во него покрај Миркуловски се наоѓаат уште двајца поранешни репрезентативци, Ацо Јоноски и Браснислав Ангеловски, како и Билјана Црвенкоска, која беше дел од стручниот штаб на Вардар при последната европска титула.

Миркуловски со години важеше за незаменлив дел во македонската репрезентација, голем борец што секогаш давал се од себе носејќи го репрезентативниот дрес. Тој ја игра последната сезона во дресот на Вецлар, паралелно со тоа е и дел од стручниот штаб на овој бундеслигаш, каде собира искуство што сигурно ќе биде добредојдено и за работата во националниот тим.

Се вчитува...