Филип Најдовски избран во најдобриот тим на шампионатот на Албанија (ФОТО)

Поранешниот вардаров фудбалер Филип Најдовски е избран во идеалниот тим за 2023 година во шампионатот на Албанија.

Најдовски од 2020 година е член на Тирана за која досега одигра 107 натпревари, а по одличната 2023 година сосема оправдано се најде меѓу најдобрите 11 во првенството на западниот сосед.

Филип Најдовски во Тирана замина од редовите на Вардар, а претходно во кариерата настапуваше и за Победа, Тетекс, Напредок и Цементарница 55.

Се вчитува...