Филип Петковски и Оливер Пеев, нови засилувања на Работнички

Работнички ги договори првите две засилувања за следната натпреварувачка сезона. Нови „романтичари“ се Оливер Пеев и Филип Петковски кои потпишаа договори на една година, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона, објави клубот на својот официјален сајт. Се работи за проверени прволигашки фудбалери, кои имаат и интернационално искуство и се очекува да бидат квалитетни засилувања за настапите на Работнички во квалификациите за Лигата на Европа, како и предизвиците на домашната сцена во следната сезона.

Пеев изминатата сезона настапуваше во Грција и беше член на Дијагорас. Во Македонија има настапувано за Вардар, Металург, Тетекс, Шкендија и за Пелистер. Тој е играч од средниот ред и има 31 година.

Филип Петковски е напаѓач, кој изминатата сезона настапуваше за ФК Скопје, а во минатото беше член и на Работнички. Тој се враќа во добро позната фудбалска средина.

Досега, тимот на Работнички официјално го напуштија четворица фудбалери, Игор Крмар, Момчило Рашо, Гезим Красниќи и Стојанчо Велинов. Раководството на клубот води преговори со дел од фудбалерите на кои им истекуваат договорите ова лето.

Се вчитува...