Ретко се случува на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на УЕФА, делегат или контролор, со еден од судиите да бидат од иста држава. Тоа се случи на мечот меѓу Италија и Романија (1-0) на финалниот турнир на Европското првенство, фудбалери до 21 година што се одржува во Словачка. Делегат беше поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Филип Поповски, кој има голем рејтинг во УЕФА, додека четврти судија на натпреварот, што се одигра во Трнава беше Игор Стојчевски.
Се уште не е одредено на кои натпревари Стојчевски ќе биде уште како четврти судија, додека Филип Поповски ќе биде делегат на 14 јуни на средбата Шпанија – Словачка и на 17 јуни на мечот Италија – Шпанија.
По завршувањето на елиминациските натпревари, првопласираните две репрезентации од четирите групи ќе ги продолжат натпреварите во четвртфиналето кога почнуваат борбите за европската титула. Како еден од главните делегати Поповски останува до крајот на првенството, додека еден дел од судиите и други службени лица се враќаат дома.
Филип Попповски минатата година беше делегат и на финалниот натпревар на Европското првенство во Германија меѓу Шпанија и Англија, што е најголема функција на еден македонски претавник во УЕФА во историјата на фудбалот во Македонија, и не случајно е присутен во Словачка.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА