И третото коло во европските фудбалски купови не може да мине без претставник на Фудбалската федерација на Македонија. На реванш мечот од Конференциската лига меѓу Омонија од Кипар и клубот Линколн од Гибралтар што се игра во Никозија на 13 август во Никозија, Комисијата на УЕФА го одреди за делегат на овој натпревар Филип Поповски.
Во меѓувреме патуваше и Александра Пејковска, која од 5 до 8 август исто така беше делегат на квалификациониот турнир за учество во завршните борби во Лигата на шампиони за жени што се играше во Франкфурт.
На турнирот учествуваа прваците на Норвешка клубот Велеранга, на Малме од Шведска, Омонија од Кипар и шампионот на Германија Ајнтрахт. На турнирот победи Ајнтрахт.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
