Филип Талески го напушти ГРК Охрид

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески, ја прекина соработката со ГРК Охрид и повеќе нема да го носи сино-белиот дрес.

Иако од таборот на охридскиот клуб се уште нема официјална потврда за разделбата, неговото отсуство од последните два натпревари во ЕХФ Европскиот куп јасно укажуваше дека причината не е повреда, туку крај на заедничката епизода.

За искусниот бек ова не е првпат предвреме да менува клупска средина во текот на една натпреварувачка година. Минатата сезона, во речиси идентичен период, Талески се раздели со Вардар 1961, по што замина во унгарска Татабања каде што ја доигра сезоната.

Се вчитува...