Филип Талески потпиша за Вардар

Филип Талески е новото репрезентативно засилување за Вардар откако левиот бек денеска и официјално го стави потписот на едногодишниот договор со „црвено-црните“.

Талески веќе неколку сезони настапуваше во Бундес-лигата, од Металург се пресели во Рајн-Некар Левен, а минатата сезона ја мина во дресот на Балинген. По истекот на договорот со овој клуб бекот имаше на маса неколку понуди, меѓу другите и од македонскиот вицепрвак Пелистер, но на крајот пресуди класата и реномето на Вардар, клуб со кој Талески ќе може повторно да настапува во Лигата на Шампионите.

„Ја избрав понудата на Вардар бидејќи сметам дека тоа е најдобрата опција за мене за продолжување на кариерата. Предизвик е да се носи дресот на актуелниот европски шампион“, потврди Талески за ЕКИПА.

Со ангжаманот на Талески почна засилувањето на бековските линии во Вардар, по останувањето на Германецот Дисингер.

Се вчитува...