Филип Талески: Свесни сме што не чека и што значи да се игра за Вардар

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески, кој е едно од новите имиња во реновираниот Вардар се надева на позитивен почеток на новата сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ утре против Брест влегуваат во нова трка на континентот кој го освојуваа двапати во претходните три сезони несметајќи ја некомплетираната поради пандемијата на коронавирусот.

„На почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите се соочуваме со познат противник, Мешков Брест со кој Вардар се борел многу пати и во СЕХА и во шампионската лига. Се знаеме многу добро. Во двете натпреварувања со нив игравме и минатата година, сега ги гледавме на Ф4 турнирот во СЕХА. Максимално сме подготвени. Невообичаено ни е што натпреварите ги играме без публика. Тоа ни е чудно. Но, таму публика ќе има, се продаваат билетите и за нив тоа ќе биде голем плус. Во минатите години Вардар покажа дека не признава тежок терен ниту во гости ниту било каде. Вардар постојано покажува дека не се откажува, дека има карактер и дека се игра до последна минута. Се надевам на добар резултат. Да се отвори нова сезона со позитивна атмосфера. Многу се анализираше овој период и нашата игра и играта на противниците и мислам дека веќе сме свесни што не чека и што значи да се игра за Вардар“ – порачува Талески во пресрет на дуелот со Брест.

Се вчитува...