Филипче најави враќање на спортот!

Спортските активности на територијата на Р. Македонија би можеле повторно да почнат од стартот на следната седмица. Ова на денешната прес-конференција го најави министерот за здравство, Венко Филипче, потенцирајќи дека враќањето на спортот ќе оди постепено, а во почетна фаза зелено светло ќе добијат индивидуалните спортови.

„Дискутираме и на оваа тема, прво се размислува за дозвола за индивидуални спортови, но за времето и начинот ќе ве информираме по утрешните состаноци и на комисијата за заразни болести и на Владата на Р. Македонија“, изјави Филипче.

Останатите земји во почетното олабавување на мерките дадоа дозвола за индивидуални тренинзи и на екипите во колективните спортови, тренд што се очекува да го следат и македонските власти. Со тоа, би можеле да почнат со работа и фудбалските екипи, по што и раководството на ФФМ ќе може да излезе со конкретен план кога и како би го финиширала натпреварувањето.

Се вчитува...