Филипе Луис имаше успешна играчка кариера како дел од Ајакс, Атлетико Мадрид, Челси… а поранешниот лев тргна одлично и како тренер, бележејќи одлични резултати со Фламенго. Бразилецот освои неколку трофеи со својот клуб, играше и тоа одличен фудбал на клупскиот мундијал минатото лето, но серијата слаби резултати пред неколку месеци придонесе тој да добие отказ од Фламенго.
Беше јасно дека бразилскиот стратег нема долго да биде без работа, тој веднаш доби неколку интересни понуди да се врати во Европа како тренер, а денеска и официјално прифати – да седне на клупата на Монако.
„Кнезовите“ имаа турбулентна сезона во која сменија неколку тренери, но не успеаја да стигнат до зацртаната цел – пласман во ЛШ, па се решија за нов кормилар што би означил старт на нов проект. Луис инсистирал на двогодишен договор со што би имал можност потоа да замине во некоја од посилните европски лиги, управата на Монако се согласила, па нема никаква дилема – Бразилецот ќе го преземе кормилото на клубот од малото кнежевство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
