Филипе Луис е многу близу до заминување од Атлетико Мадрид откако побарал од управата на клубот да му дозволи да се пресели во ПСЖ. Бразилскиот лев бек пред неколку години од Челси се врати во Атлетико, беше стандарден кај Диего Симеоне, но преговорите за нов договор стагнираа. Актуелниот договор на Луис истекува во јуни 2019 година, па понудата од ПСЖ е идеална можност и шпанскиот прволигаш да заработи на неговото заминување пред да стане слободен играч наредното лето.
„Тој е играч што многу го сакам, но на крајот Луис самиот ќе треба да се реши. Мојот став е ист, на сите оние кои секогаш го давале максимумот за Атлетико им ги почитувам желбите и им посакувам се најдобро“ – изјави Диего Симеоне.
ПСЖ испратил понуда од околу 15 милиони евра за која се очекува Атлетико да даде зелено светло за комплетирање на трансферот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА