Финале кое нема крај – Де Хеа трагичар, Вилјареал шампион по маратонската пенал серија (ВИДЕО)

Вилјареал ја освои Лигата на Европа откако во финалето по извеудвањето на пенали славеше над Манчестер Јунајтед со 11-10.

По 90 минути резултатот беше 1-1, откако Шпанците прво поведоа преку Жерар Морено во 29. минута, додека на 1-1 израмни Единсон Кавани во 55. минута. Во продолженијата ниту еден од двата тима не го загрози голот на противникот, по што натпреварот замина во изведување на пенали.

Пеналите траеја исто колку и натпреварот, а беше решено се во единаесеттата серија кога прво голманот на Вилјареал, Рули стрелаше прецизно, а потоа успеа да му го одбрани ударот на Давид де Хеа.

Ова за жолтата подморница е првата историска европска титула.

Се вчитува...