Финале ЛШ: Зидан со Иско, зад Роналдо и Бензема…Клоп со триото Фирмино-Мане-Салах

Познати се официјалните состави за финалната пресметка во Лигата на шампионите. Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се реши за Иско, како поддршка за Роналдо и за Бензема во нападот, а Герет Бејл го остави на клупата за резервни фудбалери.

Јирген Клоп без изнендувања, одлучи повторно да игра со офанзивното трио Мане – Фирмино – Салах, а на голот е Кариус. Во централниот бедем се Ловрен и Ван Дајк.

РЕАЛ МАДРИД – ЛИВЕРПУЛ

РЕАЛ МАДРИД: Навас, Карвахал, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Иско, Бензема, Роналдо.

ЛИВЕРПУЛ: Кариус, Арнолд, Ван Дајк, Ловрен, Робертсон, Милнер, Хендерсон, Вајналдум, Мане, Фирмино, Салах.

Се вчитува...