Финале во Женева: Ѓоковиќ на еден чекор до 100. титула во кариерата

Новак Ѓоковиќ е на чекор до остварување на големиот сон – титулата број 100 во кариерата откако српскиот тениски великан стигна до големото финале на турнирот во Женева.

Откако на претходните турнири на земјена подлога се соочуваше со  многу проблеми, овојпат Ѓоковиќ делува далеку пофокусирано, успевајќи да совлада ривали кои му создаваа многу проблеми во минатото. Така, тој против себе денеска во полуфиналето го имаше Камерон Нори, кој по голема борба беше совладан со 2-1 во сетови.

Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6-4, во вториот подобар беше Нори во тајбрејк, а третиот сет мина во апсолутна доминација на Ѓоковиќ, со убедливи 6-1, за прво финале на Србинот сезонава на земјена подлога.

Негов ривал во мечот за трофејот ќе биде Полјакот Хуркач, кој во своето полуфинале беше подобар со 2-0 во сетови од Офнер од Австрија.

Се вчитува...