Финалето од Лигата на шампионите на 29. август во Истанбул!?

УЕФА на 23. април ќе одржи нов состанок со челниците на националните сојузи на кој треба да бидат дефинирани датумите за завршницата на годинашните Лига на шампиони и Лига Европа.

Според последните најави, УЕФА планира европскиот шампион да биде одреден низ еден вид мини-турнир со тоа што финалето од Лигата на шампионите би се одиграло на 29. август во Истанбул. Финалето од Лигата на Европа, пак, би се одиграло три дена порано.

Идејата е комплетната фудбалска сезона 2019/2020 да се заврши до крајот на август како што помалку поместувањето би влијаело на следната натпреварувачка сезона.

Според новото сценарио кое го планира УЕФА, се планира по еден натпревар од четвртфиналето и полуфиналето во ЛШ, кои би се одиграле веднаш по крајот на националните лиги во Европа. Тој формат на мини-турнир би траел околу една недела.

Се вчитува...