Финалистите на Купот во првенствена пресметка: На Пелистер му „гори“, а Шкендија сигурно нема да одмори

Пелистер и Шкендија и оваа сезона ќе играат во финалето на Купот на Македонија. А денеска под „Тумбе кафе“ ќе се пресметаат за бодови, кои многу повеќе му значат на битолскиот прволигаш. „Зелените“ се борат за гол прволигашки живот, и секој бод до крајот на шампионатот може да им биде пресуден во нивната битка. Токму затоа, посакуваат да останат непоразени во дуелот со лидерот на табелата.

„Шкендија оди на победа на секој натпревар. Го респектираме Пелистер, тоа е нашиот ривал и во финалето на Купот“, истакнува тренерот Ќатип Османи.

Интересно ќе биде и на арената „Филип Втори“. Вардар ќе го пречека тимот на Шкупи, кој се надева дека може да стигне до излез на европска сцена. Вардарци цврсто го држат второто место, но сигурно ќе најдат мотиви за триумф против составот од Чаир.

Во Кратово, Силекс ќе го пречека тимот на Академија Пандев. Овој натпревар е закажан од 15 часот, поради директен ТВ пренос, еден час пред останатите дуели од ова коло. На „Железарница“, силите ќе ги одмерат Скопје и Работнички, а во Тетово ќе се игра дуелот меѓу Ренова и Победа.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (15 Ч.)

ВАРДАР – ШКУПИ (16 Ч.)

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – ПОБЕДА

СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ

 

 

Се вчитува...