Финалистите со Винчиќ: Аргентина до шокантен пораз, Шпанија никогаш не загубила

ФИФА утровообјави дека Славко Винчиќ ќе ја има честа да ја дели правдата на големото финале меѓу Шпанија и Аргентина што е на програмата в недела, одлука што е изненадување за многумина ако се земат во предвид проблемите со законот што словенечкиот судија ги имаше пред неколку години кога мина неколку дена зад решетки.

УЕФА му искажа поддршка во тој период, а светската куќа на фудбалот сега му ја укажа најголемата можна доверба – давајќи му за задача да го води најважниот натпревар на мундијалот.

Традицијата вели дека Винчиќ досега водел само еден  меч на Аргентина, и тоа дуел што „гаучосите“ шокантно го загубија на последниот мундијал. Станува збор за пресметката на стартот од СП 2022 против Саудиска Арабија што Аргентина ја загуби со 1-2, дуел што воедно претставува и последен пораз на „сино-белите“ на фудбалските мундијали.

Од друга страна, Шпанците имаат позитивни спомени од овој судија, никогаш досега не загубиле натпревар на кој Винчиќ ја делел правдата. Тој го водеше пријателскио меч со Колумбија во 2017 (2-2) потоа ремито 0-0 со Шведска на ЕВРО 2020, како и победата од 2-1 над Италија во Лигата на Нации во 2023 година.

Винчиќ исто така им донесе среќа на Де ла Фуенте и на неговите избраници и на ЕВРО 2024, водејќи ги натпреварите со Италија и со Франција на кои шпанската селекција забележа победи.

Се вчитува...