Финалните натпревари од Детската лига на ФФМ денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје беа одиграни четвртфиналните и полуфиналните натпревари од финалниот турнир во ФФМ детските лиги за сезона 18/19 во категории 2006-2011.

Вкупно 48 екипи, 36 натпревари и повеќе од 800 деца кои изминативе денови ги демонстрираа своите мајстории, сега се селектирани па за денеска остануваат уште финалните натпревари и оние за 3. место во секоја пооделна генерација.

Почетокот на сите натпревари за 3. место е во 9:30 часот, а стартот на финалните натпревари во 10:30 часот.

Комплетните резултати и двојките за финалните натпревари може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...