Финецот Нисканен е олимписки шампион во скијачко трчање на 15 километри

Финецот Иво Нисканен го освои златниот медал на 15 километри класичен стил во скијачко трчање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Нисканен, кој беше бронзен во скијатлон, славеше со резултат од 37:54.8 минути. Русинот Александар Бољшунов, по златото во скијатлон, денес мораше да се задовли со сребрениот медал заостанувајќи 23 секунди.

Третото место и бронзениот медал го освои Норвежанецот Јоханес Клебо кој од Нисканен беше поспор за 37,5 секунди. И за него ова е втор медал во Пекинг откако претходно беше најдобар во спринт.

Се вчитува...