Финките бронзени на хокеарскиот турнир на ЗОИ

Репрезентацијата на Финска стигна до бронзениот медал на женскиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Финките во малото финале беа подобри од Швајцарија со 2-0.

Финска уште во првата третина дојде до водство од 1-0 со голот на Ваиника во 12. минута. Иако беа далеку подобар противник во продолжението на мечот, Финките не успеаја да ја совладаат голманката на Швајцарките Бранди која беше феноменална на голот и по 40 минути игра резултатот остана 1-0.

Дилемите околу победникот Финска ги разреши во последниот период со головите на Тапани во 44. минута, Латинен во 55. и Карвинен во 59. минута ги поставија конечните 4-0. На женскиот турнир останува уште финалето меѓу Канада и САД кое на програмата е утре со почеток во 5.10 часот по средноевропско време.

Се вчитува...