Финска е првиот финалист на хокеарскиот турнир на ЗОИ

Репрезентацијата на Финска е првиот финалист на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Финците во првата полуфинална пресметка славеа над најголемото изненадување на турнирот селекцијата на Словачка со 2-0. Клучниот момент во натпреварот се случи во 16. минута од првата третина кога легендарниот Манине постигна погодок за 1-0, додека конечните 2-0 беа поставени на 38 секунди пред крајот на мечот кога на празен гол стрелаше Песонен.

Финска во финалето кое е закажано за последниот ден на игрите ќе игра со подобриот од втората полуфинална пресметка во која ќе се сретнат Шведска и Русија.

Се вчитува...