Репрезентацијата на Финска е третиот полуфиналист на машкиот хокеарски турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Финците во третиот четвртфинален дуел славеа над Швајцарија со 5-1.
Алтонен во деветата минута донесе водство за Финците од 1-0, додека само два минути подоцна Лехтонен зголеми на 2-0. Во втората третина двете репрезентации постигнаа по еден погодок. Антила зголеми на 3-0, додека конечните 3-1 ги постави Амбул.
До крајот Финците успеаја да постигнат уште два гола и до крајот да стигнат до убедлив триумф од 5-1. Претходно денеска пласман во полуфиналето обезбедија и Словачка која ги изненади САД како и Русија која ја оправда фаворитската улога против Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА