Фински бизнисмен сака да го купи Интер

Финскиот бизнисмен Томаш Зилијакус изјави дека е заинтересиран за купување на калчолигашот Интер. Тој е прилично непознат за пошироката јавност, а беше кандидат и за купување на Манчестер јунајтед.

„Сериозен сум, оваа недела или најдоцна следната недела актуелниот сопственик на Интер ќе добие адекватна понуда да го преземам клубот“, изјави Зилијакус.

Зилијакус тврди дека благодарение на „различни инвеститори, мали и големи, семејства и институционални инвеститори“, чии имиња и националности не сакал да ги открие, собрал 2,5 милијарди евра за купување на Интер, лидерот на италијанското првенство и финалист од минатата Лига на шампиони.

Магазинот Форбс го проценува италијанскиот клуб на 1,03 милијарди долари (960 милиони евра). Зилијакус е поранешен извршен директор на Нокиа, кој тврди дека своето богатство го стекнал во азискиот технолошки сектор.

Се вчитува...