Финците доаѓаат без најдобриот на мегдан со Македонија

Репрезентацијата на Финска ќе биде сериозно ослабена за претстојниот квалификациски меч во Скопје против Македонија (на 4 ноември) откако беше потврдено дека најдобриот финаски ракометар Нико Ренберг ќе го пропушти овој натпревар. Станува збор за лев бек висок 191 сантиметар кој настапува за францускиот прволигаш Иври и кој важи за лидер на финскиот национален тим.

Ренберг веќе извесно време беше повреден, Финците се надеваа дека ќе успее да биде оспособен за настап во Скопје, но денеска и официјално беше потврдено дека овој ракометар нема да се најде на финалниот список на стручниот штаб за првите две квалификациски средби, против Македонија и Данска.

Со проблеми во пресрет на новиот квалификациски циклус се соочува и македонскиот селектор Данило Брестовац, кој поради самоизолацијата на ракометарите од Вардар и од Металург нема да може да смета на неколку стандардни првотимци.

Се вчитува...