Фиорентина донесе екстра-засилување

Навивачите на Фиорентина имаат причина за задоволство откако нивниот клуб успеа да излезе како победник од трката по Џакомо Бонавентура.

Искусниот играч за врска пристигнува во Фиренца како слободен играч, а „виолетовите“ во трката за неговиот потпис ја победија Аталанта, која не успеа да го врати поранешниот италијански репрезентативец назад во Бергамо. Бонавентура ги мина последните шест сезони во дресот на Милан, но честите повреди го спречија да го покаже својот потенцијал во дресот на „росонерите“.

Тој си замина од „Сан Сиро“ без никаква отштета, а ланската сезона одигра 32 натпревари за овој клуб, постигнувајќи четири погодоци.

Бонавентура денеска пристигна во Фиренца, каде по минувањето на лекарските прегледи и официјално ќе го потпише договорот со „виолетовите“.

Се вчитува...