Фиорентина е голем клуб: Доживотниот договор за Астори ќе го исплаќа на неговото семејство

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина покажа голема доблест со одлуката да го уважи непотпишаниот нов договор на Давиде Астори, трагично починатиот капитен на тимот, кој беше најден мртов во хотелската соба во пресрет на натпреварот со Удинезе. Тој во текот на денешниот ден требаше да потпише доживотен договор со „виолетовите“ и да остане во клубот до завршувањето на кариерата, но и потоа како дел од раководството. За жал, неговиот млад живот згасна прерано, а на свет ја остави својата мала ќеркичка која се роди пред две седмици и сопругата.

Фиорентина донесе одлука да ја исплаќа договорената сума на непотпишаниот договор и да го помага неговото семејство во иднина. Ова е фантастичен потег, кој само покажува дека италијанскиот клуб ги смета своите фудбалери како дел од едно големо семејство.

Се вчитува...