Фиорентина ги посакува Сусо и Балотели во нападот

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина ќе се обиде да ја засили навалната линија пред стартот на новата сезона во Серија А. Раководството на клубот има две цели, Шпанецот Сусо од Милан и контроверзниот Марио Балотели.

Сусо има отштетна клаузула од 40 милиони евра, а „виолетовите“ се надеваат дека ќе можат да го убедат клубот од „Сан Сиро“ за зделка во износ од 32 милиони евра. Марио Балотели е во преговори со Фламенго за да ја продолжи кариерата во Бразил, но Фиорентина се обидува да го врати назад на Аоенините нудејќи му двегодишен договор.

Се вчитува...