Фиорентина ги враќа Батистута и Руи Коста

Aмериканскиот милијардер Роко Комизо официјално е нов сопственик на Фиорентина, а по доаѓањето на функијата во клубот од Фиренца вети дека наскоро навивачите ќе добијат прекрасни вести.

Италијанските медиуми известуваат дека ќе има промена во раководните позиции во клубот, кои ќе ги добијат двете легенди на тимот Габриeл Батистута и Руи Коста. Tие двајца треба да бидат на чело на спортскиот сектор задолжен за трансфери.

Популарниот Бати-гол играше за Фиорентина во периодот од 1991 до 2000 година, додека португалскиот играч за врска беше дел од тимот од 1994 до 2001 година. И двајцата уживаат голем респект кај навивачите, а нивното враќање во клубот ќе донесе огромно воодушевување во Фиренца.

Се вчитува...