Милан го доживеа четвртиот пораз во новата сезона од Серија А, откако вечерва на „Сан Сиро“ загуби од Фиорентина со 1-3. Овој пораз најверојатно ќе значи и отказ за тренерот на „росонерите“, Марко Џампаоло.
Ерик Пулгер во 14.минута од пенал ги доведе „виолетовите“ во водство, а Милан на стартот на вториот дел остана и со играч помалку поради исклучувањето на Мусакио. Кастровили зголеми на 0-2, а Рибери го декласира Милан со трет гол. Почесниот погодок за домаќинот беше дело на Рафаел Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА